Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска информираа дека институциите од јавниот сектор имаат рок од три месеци да ги внесат податоците за своите вработени во информатичкиот систем за управување за човечки ресурси бидејќи во спротивно може да се доведат во ситуација да не можат да им исплатат плата на вработените чии податоци не се внесени.
Со новите мерки ќе се утврди вистинската бројка на вработените во јавната администрација, и со ова управата за јавни приходи добива уште една надлежност.