Американската банка ЏП Морган ќе го прошири работењето на својата интернет банка Чејс во Германија и во другите земји од Европската унија, изјави извршниот директор Џејми Димон за германскиот весник Ханделсблат. Во 2021 година, ЏП Moрган за првпат излезе надвор од својот домашен американски пазар, нудејќи им услуги на граѓаните на ОК исклучиво на Интернет, а во исто време, банката сигнализираше дека имаат за цел да ги прошират операциите на Чејс и во други земји.
-Секогаш ни беше јасно дека сакаме да го донесеме Чејс не само во Велика Британија, туку и во Германија и другите европски земји“, изјави Димон за германскиот деловен весник.
– Имаме амбициозни планови – нагласи првиот човек на ЏП Морган, додавајќи дека сè уште не е одредена конкретна временска рамка. Портпаролот на банката го потврди пишувањето на Ханделсблат, но исто така одби да го коментира временскиот хоризонт на плановите. Седиштето на ЏП Moрган во Европската Унија се наоѓа во германскиот финансиски центар Франкфурт. Во Германија, банката изгради истакната позиција во сегментот на консултантски услуги, а планира да го прошири своето работење и да привлече повеќе средни компании кои го формираат „животот“ на германската економија, која ја предводи европската економска локомотива, пренесува Каматица.