Пензионерите јулските пензии ќе можат да ги подигнат на шалтерите на банките, зависно од висината на пензиите, на 31 јули и 1 август.

Пензионерите со парите ќе можат да располагаат на 31 јули, без разлика на висината, доколку за тоа ги користат банкарските картички.

-Односно, пари ќе можат да извадат од банкоматите или да плаќаат во продажната мрежа, објави порталот 24инфо.мк

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека овој месец има мало доцнење од вообичаено поради тоа што крајот на месецот се поклопи со деновите од викендот.