Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави во Вашингтон дека со американскиот претседател Доналд Трамп се договорил двете страни да се воздржат од дополнителни царини додека траат разговорите за трговијата.
Трамп изјави дека двете страни биле согласни да се стремат кон целосно укинување на царините, ограничувањата и субвенциите, како и тоа дека ќе работат на решавање на проблемот со царините за челик и алуминиум.
Тој додаде дека ЕУ се согласила да купи големо количество американска соја и да го зголеми увозот на американски течен гас. Трамп оцени дека ова е „голем ден за слободната и фер трговија“.