Регресот за годишен одмор или познат како К15 е задолжителен и оваа година. Заклучно со декември, на сметките на вработените треба да легнат минимални 9.610 денари.
Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес има секој работник еднаш во годината.
За работодавците кои нема да дадат К15 следат големи казни, до 4.000 евра.
Истото важи и за тие кои ќе дадат К15 па ќе го побараат назад од вработените.