Предлог-закон со кој на граѓаните ќе им се простуваат каматите за старите долгови, најави заменик министертот за правда, Оливер Ристовски.
Се работи за долгови стари и до две децении кои со новото законско решение во 2011 година прешле на извршување од судовите кај приватните извршители. Со ваквите долгови се засегнати околу 100 илјади граѓани.
Но, за Ристовски главна дилема е како ќе им се наложи на приватните компании да простуваат камати.
Да отпишете со закон камати на приватна компанија мислам дека не оди. Каде што е вода, таму е лесно. Водостопанствата се сепак локални претпријатија, таму не е проблем. Јас лично разговарав со правната служба на ЕВН и тие се подготвени да направат отпис на каматите. Нормално, тука треба да се разговара и со ЕЛЕМ бидејќи се делат паричните средства“, вели заменик – министерот за правда, Оливер Ристовски.
Бидејќи средствата наплатени од стари долгови ги делат ЕВН Македонија и АД ЕЛЕМ, побаравме став и од двете компании.
Како што најави заменик министерот Ристовски, Предлог законот треба да биде готов до крајот на овој месец. Предлогот е на иницијатива на пратеници и од власта и од опозицијата. Во него ќе бидат вклучени и некои од барањата на здруженијата кои со години укажуваат на недостатоците во системот на извршување.