Иновативните бизнис идеи во земјава тешко успеваат да стигнат до финансии како би се реализирале.На Форум за афирмација на моделот “Бизнис ангели” кои се одржа во Стопанска Комора на Македонија, како начин на финансирање, овој проблем беше главна тема. Свое учество земаа и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ.
Банкарскиот сектор вложува само доколку има гаранции за наплата, а Бизнис ангелите се идентификуваат како високоризични финансиери, кои освен пари, инвестираат и во експертиза.
„Бизнис-ангели“ се всушност инвеститори во бизнис-проекти, старт-ап програми и мали и средни претпријатија. Во светски рамки приближно 50 милијарди долари се инвестираат преку оваа форма на инвестирање. Дури 96% од светскиот бизнис е резултат на претприемничко однесување, а 90% од вложувањата во рана фаза со ризичен капитал се реализираат преку бизнис ангелите.
На Форумот беше истакната важноста на бизнис ангелите во една економија исто како и голема подготвеност за промена на законот за бизнис ангели.