Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука со која се врши измена на времетраењето на тргувањето со хартии од вредност на берзата, согласно која, почнувајќи од 03.09.2018 година, времетраењето на тргувањето со хартии од вредност наместо до 13:00 часот ќе трае до 14:00 часот, соопшти берзата.
„Соодветно на оваа измена се направени измени во неколку други одлуки коишто произлегуваат од Правилата за тргување на берзата, а коишто се однесуваат на измени на времето на тргување кај режимите на континуирано и аукциско тргување, како и на измени во времето на официјализација на денот на тргување и времето на пријавување на администраторски блок трансакции, кои исто така ќе започнат да се применуваат од 03.09.2018 година“, информираат од берзата.
На слениов линк може да ги прочитате правилата за тргување.