Земјата со најдолга историја на негативни стапки на кредитни производи на централната банка нуди 20-годишен хипотекарен кредит со нулта каматна стапка.

Во глобален контекст, Данска се издвојува како земја која живее со негативни стапки на централната банка подолго од која било друга земја.

Уште во 2012 година, властите на оваа скандинавска земја ја намалија главната каматна стапка под нулата, со цел да го одбранат врзувањето на домашната валута, данската круна кон еврото.

Оттогаш, Данците уживаат во постојано намалување на каматните стапки на кредитните производи.

Некогаш незамисливата идеја за дведенцениско позајмување на пари од банка без плаќање на камати сега веќе е реалност. Централните банки ширум светот се претпазливи од зголемувањето на цените.

Според кварталниот преглед на монетарната политика на „Блумберг“, ниту една голема западна централна банка најверојатно нема да ги зголеми каматните стапки оваа година.

Данските банки прво издадоа 20-годишни обврзници со нулта каматна стапка пред неколку години поради големиот интерес на инвеститорите за чување пари на безбедно место.