Според новите податоци, повеќе од една третина од најбрзо растечките технолошки компании во Европа сега се наоѓаат во Велика Британија. Велика Британија создаде 13 “еднорози” компании – фирми кои се проценети на повеќе од една милијарда долари во текот на изминатата година, со што вкупниот број на вакви компании во оваа држава изнесува 72. Истражувањата составени од Tech Nation и Dealroom покажуваат дека Лондон води на целиот континент, со 45 „еднорози“. Берлин е дом на 10 „еднорози“ и девет во Париз.