Со уставните измени процесот на пристапување ќе се забрза.
Процесот на интеграција во ЕУ, носи реални, конкретни и видливи резултати.
ЕУ одобри макрофинансиска помош од 100 милиони евра за Република Македонија, со кои Унијата го поддржува планот на нашата држава за справување со енергетската криза и реформите важни за евроинтеграцискиот процес.
Овие 100 милиони евра кои ќе се користат во 2023 и 2024 година, ќе бидат поддршка за фискалната одржливост и структурните реформи за фискално управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното окружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството, како и борбата против корупцијата.
Ваквата поддршка е само последна во низата финансиска помош на ЕУ кон нашата држава.
Претходно, македонската држава доби и 60 милиони евра преку ИПАРД 2 програмата, нови, неповратни 97 милиони евра на располагање преку ИПАРД 3 програмата за модернизација на македонското земјоделство; 160 милиони евра за помош во ублажувањето на економските последици од пандемијата, како и грант од 80 милиони евра за справување со енергетската криза.
Сето ова се придобивки од процесот на интеграција кон ЕУ и доказ дека Унијата останува најсилниот и најпосветен наш партнер.
Затоа, процесот на интеграција кон ЕУ, мора да продолжи и затоа е важно реформите да продолжат, преку носењето на потребните уставни измени.
Секој пратеник, секој политички субјект има обврска и одговорност да даде поддршка на измените на Уставот со кои ќе направиме сериозен исчекор кон реализација на стртатешката цел – полноправно членство во ЕУ.
Секој koj работи на блокирање на европската иднина на земјава работи против стратешкиот интерес за членство во ЕУ и против самата Европска Унија
Секој што дејствува против стратешката цел за членство во ЕУ, работи и против македонскиот јазик во ЕУ.
А Мицкоски го прави токму тоа и на тој начин работи и против подобар животен стандард, повисок економски раст, повисоки плати и пристап до ново европски фондови.
Мицкоски треба да престане да одработува за туѓи интереси и да дејствува против ЕУ, а пратениците од ДПМНЕ, да се приклучат на процесот на реформите.
Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ