Потрошувачката цена на какаото и чоколадото во прав во Европската унија во мај била за 6,3 отсто повисока отколку во истиот период минатата година, објави Евростат.
Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека цената на овие две ставки се зголемува од почетокот на 2022 година, а значителен пораст е забележан во последниот квартал од таа година, со годишна стапка на инфлација од над 10 отсто. Танјуг.
Повеќето земји од Европската унија во мај 2024 година пријавиле зголемување на годишната стапка на инфлација на какаото и чоколадото во прав, а најголем раст во споредба со мај 2023 година е забележан во Естонија (17,4 отсто), Хрватска (15,5) и Австрија (12, 6).
Наспроти ова, две земји забележаа намалување на стапката на инфлација за наведените производи – Словачка (за 6,3 отсто) и Кипар (0,3).