Почитувани,
Сакам да споделам еден интересен феномен, кој во поселедно време доби на интензитет, јако е заразен и се шири низ сите банки. Имено, БанкоМетар.мк како портал и веб сервис кој прв почна да ги рангира кредитните понуди на банките во Македонија, и тоа успешно го прави над 7 години, започна како проект за олеснување на информирањето на граѓаните за поефтините кредитни понуди. Самиот нов концепт, привлече внимание, а со тоа и луѓе заинтересирани да се вклучат во бизнисот, кој од лукративни цели кој од љубопитност низ годините.
И тоа е во ред, конкуренцијата е здрава работа, и јас тука не гледам ниту проблем ниту нешто нелегално што би било проблем.
Првично имаше еден неуспешен обид, од една „инсајдерска“ тајфа, да не ископираат, кога видоа дека делуваат жално и смешно, делумно се преориентираа.
Како што врвеше времето, се појавија неколку други слични портали. Морам да признам, има 2 нови кои и ми се допаѓаат и имаат завршено добра работа генерално.
Она што не ми се допаѓа и е очигледно, па затоа решив дека треба да се објави е невероватниот факт што овие нови веб сервиси немаат ниту фирма, ниту адреса, ниту било каков импресиум. Замислете тие се занимаваат со една крајно одговорна општествена функција, мерење на општествените заштеди преку кредитите и депозитите, ама Вие од прв поглед не можете да дознаете кој седи зад овие портали. Се што ќе најдете за нив е телефонски број и емаил… Ништо повеќе… Како шверцери на хероин.
Јас, како основач и уредник на првиот веб сервис кој ги рангира сите кредитни понуди во Македонија, лично сметам дека ова е преголема работа за да помине незабележана.
Каде е тука финтата? Па со вакви финтаџии кои банкарското работење го имаат сведено на селска кооперација, финтата ја ставиле тука: Јас ќе направм портал, на кој нема ништо да пишува кој го создал, води и уредува, а ти ќе ја рекламираш банката кај мене. А двајцата сме колеги… И така, фино си се ухлебуваат џаболебари од вработените, кои без консултација на сегметот на РОИ или колку ќе им врати рекламирањето кај нив во однос на клиенти, си продолжуваат со шемата. Од ова што досега го знам и гледам, мислам дека вакви ухлебувања се направени во неколку банки, кои не би ги споменувал заради реномето нивно… или она што останало од тоа….
Најстрашниот елемент е што банките, како ентитет се поголеми сељаци и незаинтересирани заостанати хибридни модели кои во незнањето и незаинтересираноста – воопшто не гледаат кај кои хохштаплери се рекламираат. На просечен македонски банкарски сектор за маркетинг не му чуе уво за РОИ… И тој сектор, размислува хохштаплерски како и „подизведувачиве“ во фазон: Ја ќе му набацам работа на Баци, а он ќе врати кај Цаци“….
Се додека вака функционира овој систем генерално а и во банките, оваа неуредена територија ќе продолжи да тоне… А ќе тоне и подлабоко во своите говна.. бидејќи ниту секторите за маркетинг ниту неиновативните „подизведувачи“ немаат грам намус, интегритет и скрупула…
Само да Ви укажам, пошо гледам дека не знаете… Банкарството е џентлменска естетсвена функција. Се додека го водите како селски гранап со рекламирање на портали без импресиум, фирма, адреса или макар и едно име, јас не можам да Ве рачунам за модерни банки.
Вие сте селски лихварски здруженија кои во криминалниот пир со внатрешни луѓе и вработени, најдовте начин како да го измамите системот. Ем да прикажувате маркетинг трошок, ем да завршат кај вас парите. Прави селски итреци…. Впрочем, криминогената генеза е длабоко вткаена во Вашиот код и кодот на Вашите „подузетници“ и хохштаплери.
Само продолжете така…. Се додека не Ве занима РОИ при рекламирање, е дотогаш не влегува Пајпал кај вакви лопужи и преваранти. Брука за еснафот и системот….
ПС: А најгоре на скалава на сељаци се наоѓа ѓоа ЦЕО-то на банката, кој не се занимава со вакви земни проблеми во неговата банка, јер јеби знаеш… божество…
Вие сте една обична Багра и Џган….
Наум Димитровски