Ако ви се деси на вашата врата да ви дојде изврштел, секако за тоа е потребно да се наоѓате на листа на должници, кога ќе дојдат тие прават попис на вашите работи и нивната вредност која одговара на висината на долгот. Меѓутоа постои дилема што извршителите можат да ви одземат и дали можете и како да ги спречите извршителите да не ви одземат одредени работи кои имаат скапоцено  значење за вас.

Одговорот е да можете, но онолку колку што законот ви дозволува. Односно извршителите можат да ви го попишат автомобилот, намештајот, белата техника, но исто така можат и уметнички слики, стилски комоди, накит и други работи кои ќе ги затекнат на андресата на која сте пријавени.  Доколку пред доаѓање на извршителите ги тргните предметите од местото на кое може да дојдат извршителите можете да ги спасите тие предмети.

Меѓутоа, доколку во моментот на пописот извршителот ја запримети вашата омилена огрлица која сте ја добиле на поклон од драга особа, тој е должен да ја попише освен ако се изјасните дека таа огрлица има посебно емотивно значење за вас. Што секако тоа неможе да го кажите за цело злато кое ќе го затекнат во моментот. Со други зборови она што е во џепот останува таму.

Извршителите не смеат да запленуваат работи кои имаат емотивно значење за должникот, како што албуми со семејни фотографии, сертификати, медали дипломи, дури иако се од голема предност.

 

Исто така и домашните миленичиња не треба да ги криете, затоа што законот дозволува да останат со вас.

Кога сме веќе  кај џепот не смеат  да ви го претресуваат, и ниедно парче облека кое ви припаѓа на вас неможат да ви го одземат.

Доколку имате бунди од неколку илјади евра неморате да ги облекувате сите на себе за да ги зачувате зошто и тие не смеат да ви ги одземат.

Покрај наведеното извршителот не смее да попише облека, приборот за лична хигиена, храната, фрижидерот, замрзнувачот, креветот и печката. Основните работи за живот мора да ги имате.

Секако како заклучок на сето ова најдобро е да се потрудите да не се доведете до ситуација да бидете на листата на должници, а ако тоа се деси тогаш искористете ги горе наведените можности и зачувајте све она што можете.