(Време за читање 7 минути)

 Ако редовно ги читате моите статии за крипто валутите, ќе забележите дека во скоро сите статии ви предлагам да останете безбедни,  како да се заштитите од измамите, како да направите некои истражувања пред да започнете да инвестирате и тн. Ова не е само затоа што сакам да звучам паметно, или да привлечам повеќе публицитет кон мојот блог. Секако, би сакал мојот  блог да добие поголем публицитет, а кој не би сакал. Но, она што го зборувам  за сигурноста е тоа што гледам секојдневно како се повеќе и повеќе измами се случуваат. Многу нови компании, нови монети се појавуваат речиси секој ден. Гледам секој ден нови луѓе како рекламираат компании, рекламираат монети кои изгледаат како измами. Запомнете,  дека вистинските маркетери никогаш нема да ја наполнат својата Фејсбук или  Инстаграм страна со илјадници реклами за одредена можност. Дури и ако тоа е најголемата можност во светот. Можеби тие и не знаат дека се вклучени во некаква измама. Или сепак некој ги научил дека така треба да се рекламираат. Безбедноста е ваша основна работа. Сепак на крајот дури и јас можам да бидам измамен, без оглед на тоа какви мерки на претпазливост правземам. Тоа може да му се случи на секој од нас.

Оваа статија ќе ја започнам со цитат од познатиот Сер Ричард Бренсон, основач на Вирџин Галактик и 400 + бизниси.

“Па, мислам дека работи. Може да има други валути што може да биде уште подобро. Но, во меѓувреме, има голема индустрија околу Биткоинот. Луѓето направија богатства со Биткоинот, а некои изгубија пари. Тој е нестабилен, но луѓето прават пари и од нестабилност “.

“Вирџин Галактик е храбра претприемачка технологија. Водечка револуција. И Биткоин го прави истото кога станува збор за измислување на нова валута “. (Извор :CNBC).

Па, како да ги избегнете крипто измамите? Најлесен начин е да останете дома и да не си играте со вашите тешко заработени  пари. Но, ако сте решени да инвестирате во криптовалутите, постојат некои вообичаени измами за кои треба да бидете свесни.

 

 

Ајде да ги погледнеме:

  • Сиви менувачници

Бидејќи Биткоин и другите криптовалути експлодираа во популарност, има огромен пораст во бројот на крипто менувачници. Сите тие го сакаат вашето внимание и трансакциските такси кои произлегуваат од вашето тргување. Многу често на социјалните медиуми ќе видите линкови кои велат некои работи како:  Купи Биткоин за 7% под пазарната вредност. Заштедете многу! Овој и други слични примери се ништо друго освен маркетиншки трик за да го привлечат вашето внимание со цел да ги посетите нивните лажни менувачници. Ако сте ја прочитале мојата претходна статија, прво нешто што споменувам е да се спротивставите на FOMO (страв од пропуштање) или било кој друг вид на возбуда.

Ако ги посетите некои од овие веб-страници, прво нешто што треба да направите е да бидете сигурни дека тоа е HTTPS, а не HTTP. Ова значи дека веб сообраќајот е шифриран и обезбеден, ако тоа е само HTTP тоа претставува големо црвено знаме што значи да се држите настрана.

Друго црвено знаме што треба да го барате се менувачниците што нудат продажба на Bitcoin за PayPal. Овде ќе наидете на веб-формулар каде ќе треба да го внесете е-мејлот на вашата PayPal сметка и да го продадете Биткоинот. По поднесувањето,  ќе ви биде презентиран QR-код за да го испратите вашиот биткоин. Но, парите никогаш нема да пристигнат.

Поентата е дека е многу тешко да им верувате на луѓето во дигиталниот свет, особено ако не можете да ги проверите или проверите што се случува позади сцената. Проверете ја мојата статија за крипто менувачници, каде ќе ги најдете вистинските менувачници во кои може да инвестирате.

  • Пирамида и Понзи шеми

Во пролетта 2017 година, една компанија со седиште во Мумбаи, наречена OneCoin, ја презентираше својата монета на одредени инвеститори. Индиските финансиски полицајци извршија рација на состанокот и на крајот затворија 8 претставници на OneCoin за операција со пирамидална шема. Во времето на нивното апсење, OneCoin веќе имаше наплатено преку 350 милиони долари.

Понзистраниците може потешко да се забележат, но може лесно да се откријат откако ќе го разберете ова:  единствениот начин да ги зголемите вашите пари е прво да ги испратите до нив. Многу луѓе изгубија многу пари. За жал, криптовалутите создаваат многу нови измами, користејќи жаргон и технологија за која повеќето луѓе никогаш не слушнале. Внимавајте.

  • Измамите во облак за рударство

Ова е малку незгодно, бидејќи не сите облак рударски операции се измами. Многу од нив се легитимни, но многу од нив се и измами. Облак рударството работи на принцип на поделбана  хаш моќта, каде што луѓето ги здружуваат нивните средства за изнајмување Биткоин рударски машини. Ако операцијата е легитимна, овој вид рударство работи навистина добро и може да биде профитабилен. Некои од црвените знамиња што можете да ги барате се:

Дали страната користи HTTPS? Дали ја најдовте страницата преку некого на социјалните медиуми? Дали операцијата за облачно рударство не дава никакви увиди во кој базен тие копаат, и дали не ви ја даваат опцијата да го одберете базенот во кој сакате да ја насочите вашата хашмоќ? Ова се само неколку работи на кои што треба да внимавате.

  • ICOs

Почетните понуди за монети (ICOs) се (IPOs) првично јавно понудување на криптовалути. Стартувањето на криптовалутите започнува со почетни понуди за монети за да се соберат доволен број на пари. Сепак, многу од нив ја преценуваат вредноста на нивниот почеток. Поради хистеријата на пазарот околу(ICOs) и потенцијалот за големи краткорочни профити, многу измамници се обидуваат да профитираат. Компаниите го објавуваат своето(ICO)  пред технологијата да е навистина подготвена. На тој начин тие можат да соберат доволно пари за да го завршат проектот.

  • Непостоечки монети

Во август 2017 година, лондонската полиција затвори крипто бизнис каде што им се јавуваа на луѓето по телефон со цел да ја продадат лажната дигитална валута. Луѓе на кои им се јавувале и ги убедиле да купат непостоечка монета,  од нив девет лица го пријавија овој случај, каде што наведоа вкупен износ на загуба од околу 150,000 фунти. Вистинските инвеститори никогаш нема да ви се јават по телефон за да ви ја понудат монетата. Доколку добиете ваков тип на повик во врска со некоја понуда за монета,  запишете го името на повикувачот, името на компанијата и адресата и исклучете. Следниот повик треба да го направите вие и да ја пријавите оваа компанија.

  • Имитатори

Зголемена закана доаѓа од страна на социјалните медиуми. Истакнати крипто компании и менувачници на нивните официјални страници на Фејсбук и Твитер се имитираат од страна на измамниците. Овие лажни страници, кои се претставуваат како вистински, директно се поврзуваат со поединци, кои бараат инвестиции за некакви проекти, нудејќи ви попуст на монети, или бараат да им испратите одредена количина на монети и дека тие ќе ги удвојат за вас. Не паѓајте на вакви измами.

Значи, дали криптовалутите се лоши? Не, далеку од тоа. Растечката технологија секогаш привлекува не етички, неморални поединци кои ќе се обидат да ве измамат. Клучен фактор за да останете безбедни во криптовиот свет е истражувањето. Секогаш има луѓе кои ќе бидат измамени.  Денес имате толку многу информации за сè. Немојте да бидете мрзливи да направите некои истражувања на интернет за одредена монета или можност. Прашајте некој за кого знаете дека е веќе вклучен во некоја од криптовалутите. Побарајте црвени знамиња. Особено не им верувајте на луѓето кои ви нудат големи профити за краток временски период. Ова се измами 100%. Нема такво нешто како брзи пари. Можеби, ако добиетена лотарија.

 

До следната статија

Ако сте подготвени да инвестирате – започнете со малку пари и инвестирајте онолку колку што можете да си дозволите и да изгубите.

Ви благодарам што читавте

Регистрирајте се на мојот блог  http:  //darkoonlinetips.blogspot.com/

Следетеме на Фејсбук   http://bit.ly/2zDUBpp