Избор на осигурителна компанија може да биде напорна работа. Сепак, доколку сте вложиле напор во поставување на правилни прашања во различни друштва и се осигурате во некоја компанија  може да биде пресудно доколку имате некој случајна настанување на штета.

 

Еве една листа на прашања на која мора да ги знаете одговорите пред конечно да одберете осигурителна компанија:

-под кои услови, на која вредност и од кои ризици ќе биде осигуран вашиот имот

-колкав е износот на премијата, кои се условите на плаќање, како и под кои услови е можна измена на висината на премијата на осигурување

-колкав е максималниот износ кој ќе ви го исплати осигурителната компанија во случај на настанување на штета

-како и каде можете да го раскинете договорот за осигурување и кои се вашите права и обврски

-дали постои, колкав износ и кој ги сноси трошоците за утврдување на постоечката штета, односно висината на надокнадата за настанатата штета

-кои се вашите можности како осигуреник доколку не се сложувате со висината на проценетата штета.