Пред изборот на банка, важно е да се разгледа колку често вие ќе треба да ја посетите вашата банка. Ако имате потреба почесто да ја посетувате вашата банка тогаш најдобро е да се избере една банка во близина на вашиот дом или работа, исто така многу важно e работното време на вашата банка.
Неопходно е да се распрашате за условите и обврските кои ви ги нуди на користење банката. Добро да се информирате за цените на услугите што ќе ги користите, како и цената на одржување на сметки и издавање на картичките. Банките во Македонија слично наплаќаат за своите услуги, но тие се специјализираат во одреден тип на производ, и за нив нудат малку поповолни услови.
Ако се користат за да се платат сметки во експозитурата или да се повлечат пари од банкомати, прво треба да се информирате колку банката има експозитури и банкомати, и каде е нивната локација. За оние кои плаќаат сметки преку интернет или преку мобилен телефон, овие податоци не им се толку важни, но тие сакаат да знаат дали и во која мера, банката ги има развиено онлајн услугите.
При изборот на банка, треба да се информираат со вработен на банката за она што е најдобро решение за нивната конкретна ситуација. Многу банки со одредена услуга нудат дополнителни предности, така што клиентот може, по прифатлива цена, да дојде до повеќе производи кои ќе бидат од негова корист.
При изборот на банките суштински може да влијае и однесувањето на вработените према клиентите.