Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го отпушти шефот на националната статистичка агенција по објавувањето на годишните податоци за инфлацијата.

Шефот на Националното биро за статистика, Саит Ердал Дингер, е мета на критики откако на почетокот на јануари ги објави податоците, според кои годишната стапка на инфлација изнесува 36,1 отсто, што е највисоко ниво во последните 19 години.

Опозицијата рече дека таа бројка е потценета, наведувајќи дека реалниот пораст на трошоците за живот е најмалку двојно поголем.

Во издадениот декрет, Ердоган не ја образложи својата одлука наместо Дингер, да го назначи Ерхан Четинкају, поранешниот потпретседател на турскиот банкарски регулатор, за нов шеф на државната статистика.

Инфлацијата во Турција скокна на повеќе од 36 отсто поради падот на вредноста на лирата, што е рекорд од септември 2002 година.

Сепак, Ердоган во непријатна ситуација 18 месеци пред претседателските избори продолжува да ги брани своите ставови.

Порастот на потрошувачките цени, повеќе од седум пати повеќе од првичната цел на владата, се објаснува со падот на турската лира во однос на доларот за речиси 45 отсто годишно.

Свесен за штетата направена не само на економијата, туку и на неговиот рејтинг на доверба, Ердоган на почетокот на јануари вети дека „што поскоро ќе ја врати инфлацијата на едноцифрена“.