При трансакции на банкомат внимавајте на следниве работи:
- Пред внесување на Вашата картичка во банкоматот внимавајте да нема поставено некоj дополнителен уред на отворот за внесување на картичката.
- Уверете се дали тастатурата на која го внесувате ПИН-кодот е оригиналната тастатура на банкоматот.
- Пред внесување на ПИН-кодот на тастатурата на банкоматот уверете се некој да не стои позади Вас.
- Не дозволувајте да стојат во Ваша непосредна близина клиентите кои чекаат.
- Никому не кажувајте го Вашиот ПИН-код, вклучително и на лица кои се претставуваат како службеници на банката или како лица одговорни за одржување на банкоматите.
- Сменете го Вашиот ПИН–код доколку се сомневате дека е пробиен од трето лице.
- Доколку се почувствувате загрозени додека ја извршувате трансакцијата, притиснете го копчето за откажување, земете ја Вашата картичка и напуштете го местото.