Алијансата на германските даночни обврзници ја објави својата редовна „црна книга“, наведувајќи бројни примери за бесмислено трошење на даночни средства.

Еден од најочигледните примери на луди даночни трошења е неуспешниот проект за воведување патарина за патничките автомобили, што беше отфрлен од страна на Европскиот суд за правда заради дискриминација кон другите граѓани на ЕУ.

„Покрај 83 милиони евра што чинеше подготовката на овој проект, сега доаѓаат побарувања за компензација за компаниите вклучени во проектот, што би можело да ја надмине границата од неколку стотици милиони евра“, се вели во „црната книга“ објавена од германската асоцијација на даночни обврзници.

Берлинска гимназија купи уметничко дело за скоро 100.000 евра

Во областа на образованието, видно место на „црната листа“ го има примерокот на Берлинската гимназија. Управата на тоа училиште одлучи да издвои дури 92.500 евра за едно минијатурно уметничко дело, гнездо на чисто злато.

Гнездото наскоро беше украдено, а Сојузот на даночните обврзници се прашува кој со сегашниот недостаток од скоро четири милијарди евра, на кои во берлинските училишта им недостасува рехабилитација и модернизација, излезе со идеја да одобри купување на вакво нешто од скоро 100 000 евра.

Изградената патека за велосипед за 270.000 евра, никогаш не доби дозвола

Во „црната книга“ се наведуваат и други примери за апсурдно трошење на даночни пари, како што е изградба на велосипедска патека од 270 000 евра, која никогаш не била пуштена во промет, затоа што, поради фактот дека минувала низ заштитено подрачје, никогаш не било издадено дозвола за употреба.

Особено интересен пример за бесмислено трошење пари на даночните обврзници се кантите за отпадоци на сончева енегрија во Келн, кои испаднаа дека трошат многу повеќе енергија за набивање на отпадот, а заради дополнителните батерии, трошоците за канта далеку ги надминаа првично планираните 8000 евра.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк