Златото ќе ја зголемува вредноста во наредниот период, но финансиските експерти порачуваат да не брза и веднаш да се инвестира туку да се сочека уште малку со цел да се види дали овој скапоцен метал ќе ја надмине вредноста од 1300 долари за унца со солидна цифра.
Главната причина поради која се очекува раст на златото е тоа што Кина нема да учествува во купувањето на нова американска обврзница и на тој начин се очекува да опадне довербата во американскиот долар како моќна валута, особено за инвеститорите кои тргуваат со девизи.
Сега цената на златото изнесува 1322 долари за унца, но можеби откако ќе биде апсорибиран шокот од повлекувањето на Кина од нова американска обврзница ќе дојде до стабилизација на пазарот. Така и цената на златото не би продолжила да расте со исто темпо како сега, сметаат експертите.
15.01.2018