Човек на одмор може целосно да се опушти, а таа ситуација лесно може да доведе до заборавање на провизиите и каматите за плаќање со кредитни картички. За платежните картички да не ви прават главоболки понатаму, прочитајте ги следниве корисни совети како најдобро да ги користите додека сте на одмор.

Ако имате повеќе од дваесет години, сигурно се сеќавате, барем малку, на времето кога платежните картички сè уште не се користеа насекаде. Тие денови се одамна зад нас и иако не сте „стара школа“ и сепак преферирате готовина наместо пластика, голема е веројатноста да ги користите вашите платежни картички за време на вашиот одмор.

Овој начин на плаќање е наједноставен и најбрз, а поволноста е што не мора да носите пари со вас и го намалувате ризикот од губење. Но, иако плаќањето со платежни картички е најлесно и најбрзо, понекогаш може и непријатно да не изненади поради различните провизии, високите камати, но и крајно неповолните курсеви на валутите.

За да спречите плаќањето со платежни картички непријатно да ве изненади, прочитајте ги и следете ги четирите совети подолу.

Бидете внимателни со повлекување готовина

Основна препорака е да се користи дебитна картичка за подигање пари во странство, наместо кредитна картичка бидејќи дебитните картички имаат многу помали провизии отколку кога се работи за подигање пари со кредитна картичка.

Доколку вашата банка има филијали и банкомати во земјата во која патувате, тогаш се препорачува да подигате пари исклучиво од нивниот банкомат. Доколку нема, дознајте со кои банки вашата матична банка има соработка, бидејќи подигнувањето на средства со банка со којашто има соработка ќе ви ја намали драстично провизијата.

Ако тоа не е случај, прашајте ја вашата банка колку провизија можете да очекувате во странство, доколку подигнете готовина од банкомат на странска банка.

Плаќајте во валутата на земјата во која патувате

Плаќањето со картичка треба да се изврши во валутата на земјата што ја посетувате. Така, ако на пример одите во Грција, плаќањето треба да го направите во евра. Вашата банка ќе ја изврши конверзијата од денари во евра многу поповолно отколку што би направиле локалните трговци, доколку ви понудат конверзија на валута.

Платежната картичка секогаш треба да биде видлива

Основата на финансиската одговорност е секогаш да знаете каде се вашите пари, дали се во класична форма или во форма на картичка. Не се одвојувајте од вашите картички, секое плаќање нека ви биде пред очи, а добро би било да ги чувате слиповите и фискалните сметки, за да можете да ги споредите трошоците со оние на вашиот банкарски извод.

Во случај на загуба или кражба – не паничете и веднаш јавете се во вашата матична банка

Ова нема врска со плаќање, но е една од ситуациите што може да се случи. Значи, ако сфатите дека вашата платежна картичка е изгубена или украдена, јавете се во вашата матична банка што е можно поскоро за да може банката да ја блокира картичката. Поради оваа причина, би било добра идеја да го запишете бројот на центарот за услуги на клиентите на вашата банка, кој обично е достапен 24/7 пред да одите на одмор.