Бројните месечни трошоци, месечни рати за потрошувачки кредити, станбен кредит, картички и слично, сето тоа и покрај редовните трошоци, дополнително го оптоварува домашниот буџет. Затоа оние со повеќе кредити се почесто прават консолидирање на месечните издатоци. Консолидирање на месечните трошоците е чекор кон намалување на трошоците и нивно минимализирање до основното неопходно.
Како одговор на потребата од спојување на трошоците и покривање со еден кредит, Халкбанк создаде понуда со поволни услови. Хипотекарниот кредит од Халкбанк може да се користи како долгорочен ненаменски кредит за ликвидирање на целата кредитната изложеност, сопствена или на друго лице од вашата фамилија.
Покрај контролираното подмирување на сите месечни издатоци во форма на месечни рати, задолжувања и провизии на минус, консолидирањето на трошоците и покривањето со еден кредит, значи избегнување на бројните камати и провизии на секој кредит или кредитна картичка одделно. Со спојувањето во еден, ќе плаќате само една камата и многу помалку финансии ќе се одливаат од семејниот буџет.
Хипотекарниот кредит може да се издаде со максимален износ до 200.000 ЕУР на максимален рок до 240 месеци. Овој кредит е достапен и за вработени лица но и за пензионери со тоа што каматната стапка со плата или пензија во Халкбанк е 5,25% варијабилна каматна стапка за првата година и 5,75% варијабилна каматна стапка за остатокот од периодот. Додека каматната стапка за вработени кои не се приматели на плата во Халкбанк, е 6,00% варијабилна каматна стапка за првата година и 6,50% варијабилна каматна стапка за остатокот од периодот.
За одобрување на овој кредит потребна е полиса за животно осигурување, со што дополнително се обезбедува кредитот и кредитобарателот.
За овој кредит може да аплицирате на следниот линк: Хипотекарен кредит – Халк Банк