Американската банка „Морган Стенли“ прогнозира дека еврото ќе падне за седум отсто во однос на доларот до крајот на 2024 година бидејќи очекува дека Европската централна банка (ЕЦБ) наскоро ќе ги олесни каматните стапки за да се справи со нестабилната економија во еврозоната.
Банката очекува еврото да падне на 1,02 долари до крајот на годината, изјави Дејвид Адамс, шеф на девизната стратегија во Морган Стенли, додавајќи дека очекува ЕЦБ да продолжи со намалување на каматните стапки на трите состаноци до крајот на 2024 година. .
Аналитичарите на Блумберг, пак, предвидуваат спротивен тренд, односно раст на еврото до 1,11 долари до крајот на годината.
Адамс од февруари предупредува на пад на вредноста на еврото и поради американските избори и поради политичката ситуација во Франција и Германија.
„Политичките ризици и неизвесноста се зголемуваат во време кога економскиот раст забавува“, рече тој. „И двата од овие фактори укажуваат на тоа дека инвеститорите ќе бидат помалку подготвени да инвестираат капитал во регионот.