До 2050 година, 70% од светското население ќе живеe во градовите
Во иднина во пренаселените градови – кујните, ходниците и катчињата за јадење ќе се делат од страна на неколку семејства, мебелот ќе биде роботизиран, а гардероберите може да се смалуваат, кога не се користат.
Така смета најголемиот трговец на мебел во светот Ikea, кој ја истакна својата визија за тоа како ќе се обезбедува живеалиште и мебел во се повеќе урбанизираниот и пренаселен свет. Компанијата ги претстави своите идеи во рамки на “Денови на демократскиот дизајн” во малиот шведски град Алмхулт, соопштува Bloomberg.
Ikea, заедно со компаниите Ikano Bostad и Space 10, создала проект, помагач за решавање на предизвиците во градовите, кој треба да се справи со зголемената урбанизација, сé постарото население, се поскапото домување и недостатокот на природни ресурси.
“Во иднина ќе треба да ја делиме многу повеќе”, вели во телефонското интервју Евамарија Ронегард, шеф на одделот за развој во Ikea. Таа додава дека по анализата вршена од различни податоци, 70% од светското население ќе сака да живее во градовите до 2050 година.
Во иднина, големината на домови може да варира од домаќинства со две семејства до големи, слични на хотели, стотици апартмани со спални во зависност од потребите и културните преференции. Одговорноста за зградите и нивното управување ќе мора да бидат вградени во проектот за да се спречат непотребни спорови околу нештата како чистење, вели Ronegard.
Станбени комплекси може да вклучуваат заеднички кујни и области за јадење, заеднички места за спортски настани и места предвидени за игри и забава. Спалните, тоалетите и плакарите ќе продолжат да бидат одвоени, бидејќи истражувањата покажаа дека луѓето се помалку склони да ги споделат овие области, додаде таа.
Икеа има за цел да создаде нови идеи за домот, како што се модуларни фрижидери кои можат да се прилагодат на одредени видови храна или роботски мебел за да заштедат простор во мали простории.
Заедно со старт-апот Ori – со седиште во Бостон, Ikea планира да пушти во продажба роботски плакар, кој може да се смалува, кога не се користи, овој плакар ќе биде воведен во Хонг Конг и Јапонија до 2020 година. Компанијата работи на слични технологии со старт-апот од Сан Франциско BumblebeeSpace кој користи роботизирани плакари во простории кои се мали.
Но, животот во поголема заедница можеби не е за секого.
“Во некои култури луѓето се многу отворени да споделат и да живеат во големи семејства, додека ние тука во Шведска, сме навикнати да имаме сопствена приватна сфера”, вели Ронегард.