Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември е непроменета во однос на август, додека кај вкупните депозити има месечен раст од 0,04 процентни поени, покажуваат податоците од Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември изнесувала 5,49 проценти и на годишна основа бележи раст за 1,14 процентни поени, додека кај депозитите, каматната стапка изнесувала 1,59 проценти и бележи годишен раст од 0,89 процентни поени.