Каматната стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор во јуни забележа надолна месечна промена од 0,04 п.п. и изнесува 4,92%. Падот кај оваа категорија произлегува од намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула, на кредитите во странска валута и денарските кредити без валутна клаузула, за 0,08 п.п., 0,04 п.п. и 0,02 п.п., соодветно. Во однос на јуни 2017 година, оваа каматна стапка е намалена за 0,57 п.п.

 

Додека во јуни, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор се зголеми за 0,05 п.п. и изнесува 4,64%. Од аспект на валутната структура,бзголемувањето е резултат на растот на каматните стапки на денарските кредити со
и без валутна клаузула (за 0,21 и 0,11 п.п., соодветно), при минимален пад на каматната стапка на кредитите во странска валута. На годишна основа, кај оваа каматна стапка е забележан пад од 0,38 п.п.