Капитал банка АД Скопје продолжи со проширување на својата мрежа на експозитури на територијата на град Скопје, водена од својата мисија за градење на доверба, сигурност и посветеност кон клиентите, нудејќи им највисок стандард на финансиски услуги.
Во таа насока денес официјално започна со работа новата експозитура во Кисела Вода лоцирана на ул.Христо Татарчев бр.6.
Ве очекуваме да не посетите на новата локација од понеделник до петок од 08-16 часот и подетално да се запознаете со услугите кои ги нудиме како за физички, така и за правни лица.
Ние како банка и понатаму ќе бидеме поддршка во остварување на личните и бизнис цели на нашите клиенти, нудејќи квалитетна и конкурентна услуга и континуирано унапредувајќи го своето работење, истовремено градејќи долгорочни релации.