Поради зголемен обем на работењето и со цел да ангажира квалитетен професионалец кој ќе добие шанса, преку тимска работа, да напредува во својата банкарска кариера

Капитал Банка АД Скопје распишува

К О Н К У Р С
за пополнување на три (3) отворени работни места:

 

1. Службеник за кредитирање во Велес и Штип (две работни позиции)

Работниот однос е на определено време од 1 (еден) месец, со можност за продолжување.
Работно време од 8 до 16ч од понеделник до петок.

Потребни квалификации:

  • ВСС од областа на економија и економски науки,
  • одлично познавање на основите на финансиско работење,
  • одлично познавање на англиски јазик,
  • одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери,
  • поседување на возачка дозвола Б категорија.

Опис на работни задачи:

  • промоција и продажба на финансиски производи,
  • проценка на кредитни барања и кредитна способност на клиентите,
  • градење на квалитетни и долгорочни односи со клиентите

Кандидатот треба да поседува:

  • самоиницијативност и способност за тимска работа,
  • исклучителни комуникациски способности,
  • позитивен пристап кон работата.

 

2. Службеник за кредитирање и шалтерско работење во Експозитура Струмица (1 позиција)

Работниот однос е на определено време од 1 (еден) месец, со можност за продолжување.
Работно време од 8 до 16ч од понеделник до петок.

Потребни квалификации:

  • ВСС од областа на економија и економски науки,
  • одлично познавање на основите на финансиско работење,
  • одлично познавање на англиски јазик,
  • одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери,
  • поседување на возачка дозвола Б категорија.

Опис на работни задачи:

  • промоција и продажба на финансиски производи,
  • проценка на кредитни барања и кредитна способност на клиентите,
  • шалтерско работење,
  • градење на квалитетни и долгорочни односи со клиентите.

Кандидатот треба да поседува:

  • самоиницијативност и способност за тимска работа,
  • исклучителни комуникациски способности,
  • позитивен пристап кон работата.

На избраните кандидати им се нудат привлечни финансиски услови, како и професионално, динамично работно опкружување со можност за изразување на сопствената креативност и професионалност.
Сите заинтересирани кандидати своја кратка биографија и мотивациско писмо да достават на следниов е-маил: [email protected]  , со назнака на работното место за кое конкурираат, најдоцна до 06.05.2018 година.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.