На ден 25.09.2024 година, Капитал Банка ја промени својата локација и отсега се наоѓа на атрактивна локација во строгиот центар на Куманово, лоцирана на Ул. Маршал Тито бб. згр.1, приземје, влез 2. На овој начин Капитал Банка станува полесно достапна до своите клиенти.
Свеченото отворање го изврши директорот на Секторот за работа со физички лица, Димитар Ризов, кој истакна: „Наша стратешка цел е да бидеме се поблиску до нашите клиенти и да им овозможиме достапност на квалитетни банкарски услуги. Со новата локација на експозитурата во Куманово, продолжуваме да ја зацврстуваме позицијата на Капитал Банка како водечки финансиски партнер на физичките и корпоративните клиенти. Нашиот приоритет е секогаш да обезбедиме навремена и квалитетна услуга за сите наши клиенти – од индивидуални корисници до малите и средни претпријатија. Ве покануваме да не посетите од понеделник до петок од 08-16 часот и да се информирате за нашата широка палета на производи и услуги за физички и правни лица.”
Работното време на експозитурата е од 8 до 16 часот, од понеделник до петок, а од вработените можат да се добијат информации за сите производи и услуги наменети за клиентите – физички и правни лица.