Прометот на Кастрати во 2019 година изнесува околу 730 милиони евра, што е најдобра година во историјата на групацијата во која ги зголеми приходите за околу 5,0 проценти, се наведува во информацијата.
Албанската групација Кастрати наводно преговара за преземање на концесијата за аеродромот во Тирана од кинеските инвеститори, пренесува албанскиот портал Монитор.ал.
Меѓународниот аеродром во Тирана „Мајка Тереза“ (ТИА) во моментов е единствениот активен аеродром во Албанија, управуван од кинеската компанија за инвестиции и управување со средства „Кина Евербрајт лимитед“ (ЦЕЛ) од октомври 2016 година
Групацијата Кастрати преговара за купување на акции од кинеската компанија Real Fortres, Private Limited, која е стопроцентен сопственик на акциите на TIA, а трансакцијата се очекува да заврши во наредните денови, според албанскиот портал.
Кастрати е најголемата деловна групација во Албанија, која продава нафта и гориво, а во последните години ги прошири своите деловни активности во секторите за осигурување, градежништво и туризам. Оваа група е позната и по привилегираниот пристап до владините проекти.
Прометот на Кастрати во 2019 година изнесуваше околу 730 милиони евра, што е најдобра година во историјата на групацијата во која ги зголеми своите приходи за околу 5,0 проценти, се наведува во информацијата.