Војната во Украина, неажурноста на институциите, високите цени на репроматеријалите се само дел од причините кон кои, Сојузот на земјоделски производители од југоистокот го вперуваат прстот за катастрофалните цени и пласман на струмичкото производство. Загрижува фактот велат од Сојузот што токму овие и низа други причини ќе доведат и до намалување на земјоделските површини, а Македонците ќе јадат се поскап зеленчук и овошје.

Струмичките земјоделци веќе навлегоа во вториот циклус на земјоделски производи кои генерално завршуваат во преработувачките капацитети. Но, разочараност има повторно. Несигурните цени и без договори веќе ги става во земјоделците во грч, дециден е Велков.

Спасот и понатаму останува во организираното земјоделско производство за земјоделците значи сигурен пласман, за откупувачите сигурна суровина и исполнување на договорите со странските партнери. Следејќи ги трендовите на понуда и побарувачка на светските берзи, земјоделците и откупувачите, преку договорното производство заеднички можат да го организираат производството, да направат план за потребните количини и квалитет, а со единствена цел да се спречи појава на вишок на земјоделски производи.