Готовината сè уште е најприфатениот начин на плаќање за швајцарските бизниси, соопшти Швајцарската централна банка, и покрај плановите на некои компании да ја намалат употребата на банкноти и монети во иднина.

Физичките пари сè уште се прифатени од 98% од 770 компаниите во истражувањето на трговците на мало, компаниите за јавен транспорт, давателите на услуги како фризери, како и културните и забавните објекти.

Испитаниците рекоа дека клиентите сè уште ја сакаат опцијата за плаќање во готово, притоа нагласувајќи дека „кешот“ исто така е отпорен на кризи и нуди исплатлива алтернатива за безготовинските начини на плаќање.

„Анкетираните компании сè уште ја сметаат готовината како важна и речиси незаменлива“, се вели во истражувањето.

Наодите од истражувањето на Швајцарската централна банка се во спротивност со искуството на земји како Шведска кои стануваат сè повеќе безготовински и од година во година ја намалуваат употребата на готовината.

Швајцарија долго време има афинитет за готовина и сè уште има во оптек банкнота од 1.000 швајцарски франци околу 1.166 долари и важи за една од банкнотите со највисока вредност во светот.