На домашниот пазар за хартии од вредност во септември е реализиран промет од 576 милиони денари, односно 9,3 милиони евра. Доминантен е во структурата со 79 проценти од вкупниот промет забележан и на свој терен и на странските пазари, каде што е забележан износ од 2,5 милиони евра. Тоа, пак, претставува намалување за 18,58 отсто во споредба со август, наспроти растот од 195,81 насто што се случи на домашниот пазар, наведено е во месечниот извештај на Комисијата за хартии од вредност.
Во текот на деветиот месец од годината на домашниот пазар имало 1.012 трансакции, или за 58,87 проценти повеќе од августовските 637 трансакции.
Вредноста на МБИ 10 на крајот на септември изнесуваше 5.803,06 индексни поени. Растот е за 1,37 насто во споредба со претходнот месец и нивото од 5.724,79 индексни поени.
На последниот ден од септември, нето вредноста на отворените инвестициски фондови изнесуваше 12,26 милијарди денари, односно 199,4 милиони евра. Тука се работи за месечно намалување од 5 проценти, се наведуваат од КХВ.
Вкупниот прилив на средства, пак, во отворените инвестициски фондови изнесува 22,8 милиони евра, што споредено со август значи намалување за 2,55 отсто. Инаку, тогаш биле евидентирани приливи од 23,5 милиони евра.
Од друга страна, одливите во септември се зголемени за 188 насто на месечно ниво. Минатиот месец изнесувале 32 милиони евра.
Оттука и негативната нето разлика на приливите и одливите во отворените инвестициски фондови – од 9,1 милион евра.
Вредноста на МБИ 10 на крајот на септември изнесуваше 5.803,06 индексни поени што претставува зголемување за 1,37% во споредба со август кога индексот изнесуваше 5.724,79 индексни поени.
Воедно, статистиката на КХВ покажува дека друштвата чии хартии од вредност котираат на Берзата во текот на септември имале 40 објави на електронскиот систем за известувања СЕИ-НЕТ. Меѓу нив, 17 се други ценовно чувствителни информации, 4 се јавен повик за собрание на акционери, 5 се предлог одлуки за собрание на акционери, 4 се други одлуки од собрание на акционери, 3 објави се однесуваат на измени во органи на управување, 5 за откуп односно продажба на сопствени акции, 1 објава е на ревидирани финансиски извештаи, а 1 објава е во врска со зделка со заинтересирана страна.
Инаку, во однос на август регистрирано е намалување на објавите за 42,86 проценти. Тоа, според КХВ, произлегува од рокот – 15 август, до кој компаниите мора да ги објават консолидираните полугодишни финансиски извештаи.
Во споредба со септември 2022, бројот на објавите регистрирани минатиот месец е на речиси исто ниво. Односно, има мало намалување од 2,44 проценти.