Во Франција поради штрајковите на работниците „пресушија“ многу бензински пумпи, што доведе до создавање километарски колони возила.

Според граѓаните на Франција , хаосот трае цели три недели .

– Започна пред околу 20 дена. Доаѓаш до пумпата, нема бензин. И тогаш почна да се случува се почесто. Помалку е страшно на автопатот, каде што сè уште може да се најде. Секогаш е скапо. Колоните на автопатот ќе бидат во должина од два до три километри. Луѓето стојат на лентата за застанување и чекаат да дојде редот, – изјави граѓани за француските медиуми.

Како што јави Франс 24, во петокот наутро се направила колона  долга стотици метри на бензинска пумпа во предградието на Париз.

– Чекавме еден час – рече еден возач, чиј автомобил останал без гориво. Не знам што да правиме – додаде тој. Недостигот од гориво ги погодува бензинските пумпи ширум Франција, предизвикувајќи фрустрација и долго чекање кај возачите додека штрајкот на работниците влегува во 12-ти ден. Претседателот Емануел Макрон повика на смиреност.