Кина ја приклучи на преносната мрежа соларната електрана со инсталирана моќност од 5.000MW, што е моментално најголема електрана од овој вид на светот. Електраната се простира на површина од 200.000 хектари, во пустинскиот регион на северозападна Кина. Очекуваното годишно производство е околу 6.000 GWh.
Со овој нов рекорд, Кина продолжува да ја зацврстува својата позиција во секторот на соларна енергија во глобални рамки. Извештајот Renewables 2023, кој го подготвува Меѓународната агенција за енергетика (IEA), покажал дека растот на капацитетите во соларна енергија во Кина бил 116%. Во 2023 година, Кина инсталирала соларни капацитети исто како и остатокот од целиот свет во 2022 година.