Подобрувањето на економските и другите односи се заснова на “взаемна корист” и за Кина и за овој дел од Европа
Кина сака да ја зајакне соработката со Централна и Источна Европа, каде што веќе финансира голем број проекти во рамките на стремежот кон поголемо глобално влијание, соопштува Асошиетед прес, цитирајќи министер од кинеската влада.
Кинескиот министер за транспорт Ли Сјаопин кој учествува на средбата во Белград со претставници на 16 европски земји, изјави дека подобрувањето на економските и другите односи се базира на “заемна корист” како за Кина, така и за овој дел на Европа.
“Сегашната меѓународна ситуација е доста сложен и неизвесноста расте”, рече кинескиот претставник.
“Кина сака и се подготвува, заедно со 16-те земји од регионот, да ја продлабочат нашата соработка”, додаде тој.
Кинескиот интерес кон Централна и Источна Европа е поврзан со планот “Нов пат на свилата” за зголемување на кинеското влијание надвор преку инвестиции и тесна економска соработка, забележуваат агенциите.
Во Србија, проектите поддржани од Кина вклучуваат изградба на железничка пруга помеѓу главниот град Белград и главниот град на Унгарија Будимпешта.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја оцени улогата на Кина, велејќи дека е “многу корисна” за нејзината сиромашна земја.
“Ние никогаш немаше да можеме да го направиме сами, ако не беше овој позитивен притисок од Кина да изгради нешто, да конектираме реките со мостови, да изградиме нови патишта”, посочи Вучиќ