Кинеските инвестии во Европа значително опаднаа во текот на изминатата година, а една од причините се и официјалните ограничувања на Пекинг.
Поточно, економските проблеми во Кина и трговската војна со САД се главните причини што Кина се обидува да го контролира „извозот“ на пари од земјата.
Националната управа за монетарни односи, клучен регулатор на владата, рече дека главната задача за следната година е да се спречат „анормални“ одливи на капитал и да се спречат незаконски активности во трговијата.
Агенцијата веќе презеде неколку чекори. Во ноември, го казни Chinabank Peyments со 4,2 милиони американски долари – една од најголемите казни досега изречени – за плаќање пари во странство, пренесува Seebiz.
Регулаторот не откри колку пари биле префрлени, но може да биде десетици милиони јуани бидејќи казните се утврдени според платената сума.
Ограничувањето на одливот на капитал произлегува од загриженоста за кинеската економија погодена од заладувањето на домашната побарувачка и од долготрајната трговска војна со Соединетите држави.
Народната банка на Кина, наводно, дозволила јуанот да ослабне, помагајќи и на земјата да се бори против негативните ефекти од зголемените американски тарифи.
74 милијарди американски долари излегоа од Кина преку легални канали во првата половина од оваа година, но рекордна сума на пари излезе од „нерегистрираните“ трансакции од Кина.
Се проценува дека таа сума е дури 131 милијарди долари во првите шест месеци од 2019 година.
Последниот пат кога се извлече голема сума пари од земјата, во 2015 и 2016 година економијата се најде во неволја и Народната банка на Кина мораше да го девалвира јуанот и на тој начин да влијае на финансиските пазари.
Во просек, количината на пари што ја напушта Кина е еднаква на шест проценти од БДП на Кина на секои две години, според проценките на кинеската академија за општествени науки.
Севкупно, Кина изгуби околу 128 милијарди долари и беше принудена да прибегне кон девизните резерви за да спречи понатамошно амортизација на домашната валута.
Во тие две години кинеските девизни резерви потонаа повеќе од 800 милијарди американски долари. Оттогаш, официјален Пекинг презеде сериозни мерки за заострување на капиталните контроли и го отежнува начинот луѓето да разменуваат пари за девизи или да повлекуваат средства во странство.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк