Кина ќе го отвори својот пазар на платежни картички за странските компании, што ќе им овозможи на компаниите, како што се Виза и Мастеркард, директен пристап до тој пазар. Се проценува дека вредноста на овој пазар е повеќе од 6 милијарди евра.
Од 1 јуни, странците ќе може да формираат сопствени фирми за поднесување барање за дозволи од кинеската централна банка за картично работење, објави кинескиот Национален бизнис совет на својот портал.
Таа одлука, ќе стави крај на монополот на јавното претпријатие China UnionPay и ќе им овозможи на американските компании Виза и Мастеркард, главните светски играчи во тој секторот, да и конкурираат на оваа кинеска компанија.
После објавувањето на одлуката скокнаа акциите на Виза и Мастеркард на Wall Street. Акциите на Виза скокнаа за 5,8 проценти, додека на Мастеркард за 4,6 проценти.
Според статистичките податоци на Централната банка на Кина, трансакциите преку банкарски картички минатата година изнесувале 42.380 милијарди јуани (6 милијарди евра), што претставува пораст од 33 проценти во споредба со 2013 година.
Отворањето на пазарот на платежни картички за странски актери, се проценува дека ќе доведе до затоплување на односите помеѓу Кина и САД.