Кина има најголеми резерви на злато и девизи на светот, во вредност од 3.371 милијарди долари, произлегува од новообјавените податоци на националните централни банки за мај.
Според истражувањето на агенцијата РИА Новости, на второ место е Јапонија со 1254 милијарди долари, а на трето Швајцарија со 886 милијарди долари.
Индија во мај го зазема четрвтото место со резерви во вредност од 590, 7 милијарди долари, претекнувајќи ја Русија, која во однос на претходно истражување изгуби 11,6 милијарди и така падна на 584,2 милијарди долари резерви.
Во елитните десет се вбројуваат и Саудиска Арабија-442,2 милијарди долари, Хонг Конг-421 милијарди долари, Јужна Кореја-420,9 милијарди долари, Бразил-343,5 милијарди долари, и Сингапур-325,7 милијарди долари.
Германија се наоѓа на 11-то место, а Соединетите Американски Држави на 12 место.