Истражувањата покажаа дека државните кинески банки издале околу една четвртина од вкупните кредити на пазарите во развој, што доведе до фактот дека Кина добива водечка глобална позиција како најголем светски кредитор, оставајќи ги зад себе ММФ и Светската банка.
Во една неодамнешна студија, тим на истражувачи открија дека Кина стана најголем кредитор во светот. Експертите ја спроведоа првата сеопфатна студија за кредитирањето на азискиот гигант и другите негови финансиски текови.
Во извештајот, насловен како “Кина, кредитирање во странство”, чиј автор е Себастијан Хорн (Универзитетот во Минхен, Институт Кил), Кармен Рајнхарт (Универзитетот Харвард) и Кристоф Требек (Институт Кил), кој истражуваше голем број јавни и приватни извори на податоци кои покриваат повеќе од шест децении и вклучени се илјадници кредити и грантови за 152 земји.
Членот на тимот Кристоф Требек рече дека Кина отсекогаш била активна кај меѓународните кредитори, позајмувајќи големи суми на земјите.
“Зголемувањето на вкупниот обем на кредити во последните две децении е речиси без преседан, и може само да се спореди само со брановите на американското официјално задолжување по Првата и Втората светска војна“.
Помеѓу 2000 и 2017 година, обврските на странските должници кон Кина се зголемија од помалку од 500 милијарди долари до повеќе од пет трилиони долари – или со околу еден процент од глобалното економско производство до повеќе од шест проценти.
Најголемиот дел од побарувањата за кредити на меѓународните пазари на обврзници се стекнати од страна на кинеската државна банка. Покрај тоа, кинеската влада, исто така, одобри голем број директни заеми, особено на земјите во развој.
Истражувањата покажаа дека кинеските државни банки издадоа околу една четвртина од вкупните кредити на пазарите во развој, што ја натера Кина да ја преземе водечката глобална позиција како официјален доверител, оставајќи го зад себе ММФ и Светската банка.