Кина ги прекина трговските разговори со САД, кои беа планирани за наредните денови, велат извори за „Wall Street Journal“, кои се запознаени со ова прашање. Одлуката дополнително ги намалува изгледите за решавање на трговскиот спор меѓу двете најголеми економии во светот, додава весникот.
Одлуката да се повлече од разговорите доаѓа по последното влошување на тензиите во трговските односи меѓу САД и Кина.
Во понеделникот американскиот претседател Доналд Трамп најави наметнување на нови 200 милијарди долари за кинеските стоки, што го приндуи Пекинг да одговори со царини од 60 милијарди долари за американските стоки. Трамп потоа вети дека ќе поттикне уште поголем притисок врз азиската земја со зголемување на давачките за повеќе кинески стоки – на 257 милијарди долари.
Властите во Кина рекоа дека нема да подлегнат на овој притисок. Според извори од „Wall Street Journal“, Пекинг одби да учествува во преговорите, по својата заложба за избегнување на преговорите под закана.
„Ништо од она што го направија САД не покажа искреност и добра волја“, рече за време на брифингот портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ган Шуан. „Се надеваме дека САД ќе преземат чекори за да ги поправат своите грешки“.
Последното наметнување на царините ги донесе Кина и САД до целосна трговска војна.
Сепак, Пекинг остава отворена можност да започне нови разговори со Вашингтон следниот месец, велат извори запознаени со ова прашање.
Пред две недели американскиот секретар за финансии Стивен Манучин испрати покана до заменик-премиерот Лиу Хуи да побара нов круг разговори овој месец. Претходните разговори завршија без никакви договори.
Претходно, стана јасно дека САД се оптимисти за изнаоѓање начин за решавање на трговскиот спор со Кина, но не е закажан нов датум за преговори, изјави портпаролот на Белата куќа за „Ројтерс“.
Според неговите зборови, Кина е свесна за барањата на САД да престанат со тоа што Вашингтон го смета за нефер трговски практики. Според претставникот на Белата куќа, претседателот Трамп јасно ја изрази својата решителност во врска со ова прашање.
„На сите состаноци бевме многу јасни за тоа што беше … потребно“, рече тој. „Сè уште сум оптимист дека има позитивен чекор напред и претседателот сака да продолжиме и да се обидеме да направиме позитивен напредок“.