Кина вети дека ќе преземе цврсти противдејства како одговор на давачките воведени од американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ксинхуа.

„Нема да биде лесно, но ќе победиме“, уверуваше Трамп во саботата.

Вчера тој предупреди дека ќе наметне дополнителни 50 проценти давачки за кинески производи доколку Пекинг не ги повлече давачките што ги воведе како одговор на неговите.

„Таканаречените реципрочни американски царини против Кина се неосновани и претставуваат типична практика на еднострано угнетување“, изјави денес гласноговорникот на кинеското Министерство за трговија.

Тој потенцираше дека Пекинг „ќе се бори до крај доколку (Вашингтон) одлучи да продолжи по погрешниот пат“.