Народната банка на Кина објави дека ќе вбризга 1,2 трилиони јуани односно 173,8 милијарди долари во економијата поради загриженоста дека коронавирусот ќе го спречи нејзиниот раст.
Кинеската централна банка објави дека износот ќе биде внесена во економијата на 3 февруари (денес), преку реверзни репо-операции (трансакција во која банка купува хартии од вредност и истовремено е согласна повторно да ги продаде во даден ден по одредена цена).
Ова ќе ја зголеми вкупната ликвидност на земјата за 900 милијарди јуани во однос на истиот период од минатата година.
На донесувањето на оваа одлука влијаеше зголемувањето на бројот на жртви од коронавирусот, како и првите смртни случаи од оваа болест надвор од Кина, со повеќе од 14.000 заразени луѓе.