Кинеската компанија Huarong Asset Management која е под владина контрола, откупи 36.2 проценти од акциите на CEFC China Energy, добивајќи со тоа 9.1 билиони долари од вредноста на рускиот нафтен гигант Rosneft. Според информациите, кинезите овој откуп го извршиле во две транши, првата во декември а втората во февруари.
Игор Сечин, генералниот директор на Rosneft изјави дека конечната структура на акционерите на компанијата е веќе формирана.
Како дел од долгорочната спогодба, Rosneft и CEFC Energy се здружија. Според договорот, рускиот нафтен гигант ќе испорача 60.8 милиони тони нафта годишно на CEFC, се до 2023 година. Овој договор ја покрива и сферата на соработка и развој на заеднички проекти во областа Сибир. Двете компании планираат блиска кооперација во истражување, производство и рафинирање на нафтата.