На почетокот на годината Кина отвори истрага за можните дампинг алкохолни пијалаци од ЕУ, заклучувајќи дека здружението на домашните производители приложило „релевантни докази“ дека нивните продажни цени се пониски од трошоците за производство.
Истрагата го опфати периодот од октомври 2022 година до септември 2023 година и штетите во кинескиот сектор за производство на алкохолни пијалаци од 2019 до 2023 година, при што е утврдено дека европските дестилерии продаваа алкохолни пијалаци со попуст од 30,6 до 39 отсто.
Здружението на производители на коњак БНИЦ во јануари тврдеше дека попустот изнесува 15,88 проценти и оти е „особено скромен во споредба со она што е општоприфатено како основа за антидампинг истрага“.
Производителите на коњак од ЕУ соопштија дека се „внимателни оптимисти“ пред разговорите помеѓу претставниците на Пекинг и Брисел за трговските спорови.
Во меѓувреме, ЕУ воведе дополнителни царини за кинеските електрични автомобили, а кинеското Министерство за трговија најави прелиминарни царини за увоз на европски автомобили.