Кинеските планови за дигитална валута добиваат на интензитет, при што тестовите се одвиваат во четири града и се вели дека во тестирањето ќе учествуваат големи играчи како Старбакс и Мекдоналдс.
Кинеската државна новинска агенција Ксинху вели дека затворените дигитални јуан пилоти ќе бидат тестирани во Шенжен, Суджоу, Ксинган и Ченгду.
Во последната фаза од процесот на Народната банка на Кина, што трае од 2014 година, учесниците ќе тестираат мобилна апликација за складирање и размена на дигитална валута за подобрување на нејзината функционалност.
PBoC потенцира дека валутата е сè уште во фаза на тестирање, но, навестувајќи на можна временска рамка за лансирање, ги наведува Зимските олимписки игри во 2022 година што ќе се одржат во Пекинг.
Во меѓувреме, локалните новински извештаи велат дека банките, Ант Финансин (фирмата која стои зад Алибаба), Тенсент и група трговци, вклучувајќи ги Мекдоналдс, Старбакс и Метро, се состанале на разговори за тестирање на валутата.
Минатата година, заменик-директорот на PBoC, Му Чанчун, рече дека новата дигитална валута ќе биде дизајнирана како монетата на „Фејсбук“ и ќе биде прифатлива за употреба на големи платформи за плаќање и мрежи за е-трговија, како што се WeChat, TenCent и AliPay.
Објаснувајќи ги причините за планот, тој му рече: „Тоа е да се заштити нашиот монетарен суверенитет и правниот статус на валутата“. Ова се совпаѓа со новиот извештај од истражувачката кампања „Позитивни пари“, во кој се тврди дека централните банки треба да издадат дигитална верзија на готовина за да спречат „приватизација“ на парите.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк