На азиските берзи вчера цените на акциите паднаа, а акционерите ги загрижи податокот за најбавен раст на кинеската економија во последните 27 години. Поради ова договорот помеѓу Велика Британија и ЕУ за уреден брегзит, падна на втор план.
МСЦИ индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7 часот бил во минус речиси 0,2 отсто. На Токиската берза Никеаи идексот зајакнал за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Сингапур, Јужна Кореја, Австралија и Шангај, паднаа помеѓу 0,1 и 0,6 отсто.
Азиските акционери ги поколеба податокот дека кинескиот бруто домашен производ во третото тромесечие пораснал за 6 проценти во однос на истиот период лани, што е послаб раст од оној што го очекуваа аналитичарите и е најбавен во послените 27 години.
Тоа покажува дека американско-кинеската трговска војна предизвика слабеење и на домашната и на странската потрошувачка.