Компанијата се фокусира на продажба на алкохол по цени од најмалку 50 долари по шише

Француската групација за алкохолни пијалаци Remy Cointreau објави повисок профит за првата половина од годината во однос на прогнозите поддржани од побарувачката за врвен коњак во Кина и наглото намалување на трошоците, објави Ројтерс.

Производителот на коњак Remy Martin и ликерот Cointreau, го забрзува својот обид да продаде поскапи пијалаци за да ги зголеми профитните маржи, ја задржа својата цел да ја зголеми оперативната добивка на споредлива основа во текот на тековната финансиска година.

Remy Cointreau се фокусира на продажба на алкохол по цени од најмалку 50 долари шише – како дел од стратегијата, која заработува од обновата на побарувачката во Кина, како и од стабилните продажби во САД – најголемиот пазар на компанијата.

Тековната оперативна добивка на Групацијата за шест месеци до 30 септември достигна 138 милиони евра, што претставува годишен раст од 10,1%.

Минатиот месец францускиот конкурент на Remy – Pernod Ricard исто забележа подобар профит како резултат на силна побарувачката во Кина и Индија, но сепак, предупреди дека се очекува растот на продажбата да се забави.

Оперативната добивка на одделот за коњак Remy Martin достигна 119,5 милијарди евра во првата половина од годината, што претставува 86% од профитот на групата.

Тоа го билда годишниот раст од 11,3%, а се одразува силната побарувачката во Кина, Сингапур, Австралија и Јапонија, како и позитивните трендови на американскиот пазар.

Во октомври главниот финансиски директор Лука Марота изјави дека аналитичарите ќе ги прифатат добро пазарните проценки за раст од 13,5% на тековната оперативен профит за 2018/2019 година при стабилни девизни курсеви и додаде дека не гледа забавување во Кина.

Сепак пазарите се внимателни поради трговските тензии меѓу Пекинг и Вашингтон, што може да влијае на кинеските корисници, чиј апетит за брендирани производи го поддржува обновувањето на луксузната индустрија во последните две години.

Акциите на Remy Cointreau паднаа за речиси 10% оваа година.