Кинескиот конгломерат HNA го намали сопственичкото учество во финансискиот гигант Deutsche Bank и сега има под 10% учество во уделот на акции. HNA донесе одлука да продаде голем дел од своите средства во Deutsche Bank до 7,9%.
Причината поради која HNA се повлекува од оваа моќна банка е ликвидирање на средства откако во последните две години нагло инвестираше.
HNA се проценува дека досега има вложено околу 50 милијарди долари на американскиот финансиски пазар и на пазарот на недвижности, па овој потег иако ќе им донесе добри приходи малку зачудува бидејќи се откажуваат од дивидендите на подолг рок.